Гробница од вториот или почетокот на третиот век откриена во Конче

115

Гроб на великодостојник, кој бил погребан кон крајот на вториот или почетокот на третиот век е откриен на локалитетот Гање во Општина Конче.

Универзитетскиот професор, а воедно и раководител на археолошкото истражување, Трајче Нацев вели дека во Могилата пронајдени се монети, керамички жртвеник, предмети со кои во тој период ритуално бил погребан великодостојникот, кој бил кремиран.

– Откриени се поголем број монети изработени од бронза, откриени се унвентариум од стакло, керамика и откриен е еден коскен предмет, вели Нацев.

Тој додава дека засега археолозите кои работат на гробницата во Конче со сигурност неможат да кажат кој е закопан во неа, ниту дали бил маж или жена, а за што се потребни дополнителни антрополошки анализи.

Првата гробница на овој археолошки локалитет беше откриена пред пет години, во неа беа пронајдени дрвени садови и кожни чевли со декорација од златен конец кои потекнувале од вториот век од нашата ера. Нацев посочи дека ова, но и останатите археолошки истражувања на територија на државата говорат за континуираното битисување на овие простори и за културниот идентитет на народот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.