ГРОМ до Заев: На власт не се доаѓа преку „шатор демократија“ и „кодош дипломатија“

Граѓанската опција за Македонија го повикува лидерот на СДСМ Зоран Заев да престане да прави циркус од Република Македонија. Малку му беа петте месеци што државата внатре ја претвори во „сапуница“ или ефтина турска серија, сега не резили и на меѓународен план. Ова денес на прес конференција го истакна организациониот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов.

– Неговиот „бомбашки процес“, за жал се претвори во општа деструкција во која првични жртви се туризмот, севкупната економија дури и стабилноста на земјата, но првенствено и пред се ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА.Токму тој, ни кажува дека станува збор за нелегално прибавени разговори за период од 2011 до 2013 година, а истите ги користи како аргумент за нерегуларности на парламентарните избори во 2014 година. Заев дефинитивно се покажа како човек без идеја, но со јасна цел: на секој начин да се дограби до власта, не бирајќи средства и начин, а притоа не бирајќи ниту цена, рече Пренџов и додаде дека тоа го потврдува и последната бламажа што државата Македонија ја доживеа на меѓународен план.

Пренџов рече дека пропаднатите преговори во Брисел одат исклучиво нему на совест и душа.

– На Заев очигледно ништо и никој не му чини! Прво беше Владата и Груевски, сега во фокус му е и медијаторот Хан, но, очигледно и никој од меѓународната заедница задолжен за постугнување политички компромис во земјата и надминување на кризата. Тоа му го порача и известувачот за Македонија Иво Вајгел кој отворено го впери прстот во Заев како кочничар во постигнувањето договор, а на твитер јасна порака испрати и шведскиот дипломат Карл Билт кој јасно кажа дека Јоханес Хан има поддршка од ЕУ за медијатор во разрешување на политичката криза во Македонија, рече тој.

Нагласи дека ултимативниот пристап на Заев воопшто нема за цел да се постигне било каков компромис, туку единствена цел му е што поскапо да се продаде кај дел од своето членство.

– Ваквата ефтина приказна за среќа „ја прочитаа“ и домашната и меѓународната јавност и очекуваме во најскоро време тоа да му го предочат на сосема разбирлив јазик за него. Господине Заев, Македонија не е ваша „Желботека“ па се што ќе посакате да постигнете. Не заборавајте дека Република Македонија е држава, со воспоставена пармалентарна демократија во која на власт се доаѓа исклучуво преку демкоратски избори, а не преку „шатор демократија“ и „кодош дипломатија“. Очигледно граѓаните не ви веруваат и не го поддржуваат ова политичко насилие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.