Гром го погоди Акропол, четворица повредени

Четири лица се полесно повредени од удар на гром во средата напладне на историскиот локалитет Акропол во грчката метропола Атина, пренесува весникот ΤΑ ΝΕΑ Online повикувајќи се на првичните информации од медицинската служба.

Според првичните сознанија, двајца од повредените се вработени на локалитетот, археолози или чувари, а двајца се најверојатно туристи.

Се додава дека последните 24 часа во Атина владеат лоши временски услови, има интензивни врнежи придружени со молњи. Националната опсерваторија за временски услуви соопшти дека во последните неколку дена регистрирани се илјадници молњи на небото над Атика.

Националната метеоролошка служба издаде вонреден билтен на опасни временски услови за средата, а поројни дождови и грмотевици проследени со град се очекуваат до раните утрински часови, а вечерва во Атина се очекуваат силни врнежи веројатно придружени со бура
.