Гром го урнал вијадуктот во Џенова?

Според изјавите на очевидци, вијадуктот „Моранди“ се урнал откако го погодил гром.

Беше нешто околу 11.30 часот кога гром го погоди мостот и тој се урна, изјави очевидецот Пјетро М. за АНСА.

И членови на семејство кое живее во близина на мостот рекоа дека видела гром кој удира во темелот на еден од столбовите.
Набрзо све почна да се тресе и делови од цемент и бетон почнаа да отпаѓаат. Потоа се се урна, рекоа тие.

Во моментов трае акцијата за спасување на настраданите. Се претпоставува дека загинаа најмалку 11 лица, меѓу кои и едно дете.