ГРОМ: Македонија во НАТО само под уставно име

Изјавата на генералниот секретар на НАТО – алијансата Јенс Столтенберг, која вчера уште еднаш јасно и недвосмислено ни соопшти дека Македонија е добредојдена и одамна подготвена да влезе во Алијансата, но тоа треба да го направи со име прифатливо за двете страни, беше повод потпретседателот на Грѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов да одржи  конференција за печат во партиското седиште, информираат од ГРОМ.

Во својата изјава до медиумите Пренџов истакна дека грчките позиции се идентични, ниту за милиметар поместени од  НАТО самитот во 2008 година, став  кој им беше укажан на тогашниот премиер и претседател на државата во Букурешт, Романија.

  • Како минавме тогаш, на сите нам ни е добро познато. Значи на Запад ништо ново! Истите приказни што Расмусен му ги кажуваше на Груевски, сега Столтенберг му ги кажува на Заев. Нова е само еуфоријата кај Зоран Заев, кој се зафати со уривање на огради и броење на слики и кој создаде лажна надеж кај граѓаните на Република Македонија, нагласи потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Заклучокот е дека Република Македонија во изминатите десет години целосно ги исполни НАТО стандардите, односно сите политички и воено- безбедносни услови во одбраната, додека единствена пречка ни е Грција која бара промена на нашето уставно име.

  • За влез во НАТО –ДА, но без зборот Македонија во нашето име?! Тоа е познатиот став на нашиот јужен сосед. Сакам да повторам:Колку што НАТО и е потребна на Македонија, толку Република Македонија и е потребна на организацијата, пред се поради се поголемото руско влијание во регионот. Република Македонија одамна ги исполни сите услови за прием во НАТО . Граѓаните на Република Македонија сакаат, заслужуваат и треба да бидат во семејството на најголемата воено- безбедносна организција, но цената за тоа треба да биде подеднаква и фер како за останатите земји членки на Алијансата, така и за Република Македонија, категоричен беше Пренџов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.