ГРОМ нема да гласа „ЗА“ и покрај истрагите на СЈО

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ вели дека истрагата на СЈО против него е отворена откако ги одбиле непристојните понуди на Зоран Заев за пратеникот Панчо Минов да гласа „За” за уставните промени. Тој ова го изјави во интервју за „Инфомакс“.

Јас сум почестен во оваа глобална битка во која што Македонија не само што се спротивставува, туку и во овие напади треба да се брани за набавки од Русија, Турција и Кина. И сега тука јас сум почестен, во ова друштво се наоѓа и Стевчо Јакимовски. Заедно со Путин, Ердоган и Кси Џинпинг, рече лидерот на ГРОМ.

Тој додава дека неговата партија нема шанси да гласа за уставни промени, ако сакаат и пред стрелачки вод да го стават, ниту кривични пријави го плашат ниту други закани.

На два пати го викаа Минов на разговори за да го убедуваат да гласа, во предмет на разговорот сум бил и јас. Нормално дека не попуштивме, и нема шанси да попуштиме. Многу добро знаат кој го повикувал нашиот пратеник, по налог на Зоран Заев. Нема шанса да попушти ГРОМ и нема шанса да гласа (пратеникот).” – вели Јакимовски.

предмет на разговорот сум бил и јас. Нормално дека не попуштивме, и нема шанси да попуштиме. Многу добро знаат кој го повикувал нашиот пратеник, по налог на Зоран Заев. Нема шанса да попушти ГРОМ и нема шанса Минов да гласа, рече Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.