Гром запалил куќа во близина на Македонска Каменица

36

Вчера во 21.30 часот било пријавено во полиција дека во село Косевица, Македонска Каменица, од удар од гром настaнал пожар во куќата сопственост на Р.Н..

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица. Увид ќе се врши во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.