Громови усмртија 67 лица во Индија

Најмалку 67 луѓе во Индија ги загубија животите изминативе два дена при удари од гром, соопштија денеска индиските власти.

Во невремето во источната индиска сојузна држава Бихар загинаа 47-мина, а 22 се повредени и тоа главно во руралните средини. Во соседната држава Утар Прадеш, пак, се потврдени 20 жртви.

Според официјалните извештаи на индиските власти, во 2014 година вкупниот биланс на жртви од удари на громови бил 2.400 лица.

Молњите се релативно вообичаена појава во Индија во сезоната на монсуните од јуни до октомври, но бројот на жртвите последниве недели е невообичаено висок, коментираат медиумите.