
Виктор Грозданов вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ посочи дека 1ТВ е длабоко поврзано со СЈО. 1ТВ е финансирана од парите од два случаи и тоа „Труст“ и „ТНТ“.
„На целата јавност сакам да и објаснам дека создавањето на 1ТВ е длабоко поврзано со СЈО. И тоа преку два случаи, тоа е „Труст“ како преку овој случај е уништена фирмата „Трансмет“ и со тие пари ¾ е финансирана 1ТВ, тоа е првата инјекција. Вториот дел е преку случајот „ТНТ“ кој што е со Фиат Цановски од каде што е пуштена последната четвртина од средствата“, појасни Грозданов.
Грозданов додаде дека фирмата „Дримбилдинг“ исплатила 260.000 евра на Јасна Мандиќ. Јасна Мандиќ е една личност која што поднела професионален проект до фирмата „Дримбилдинг“. А, Андрeа Мазовски е зет на Фиат Цановски. Токму тој има исплатено 260.000 евра кон Јасна Мандиќ, која што му поднела авторски проект и таа ги прима парите, а во тој проект пишува дека ќе се градат старски домови од кои што едниот старски дом се наоѓа во Општината Карпош, каде што моменталниот градоначалник потпишал меморандум за соработка.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.