11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Грозданов: И покрај цензурата граѓаните повеќе читаат опозициски медиуми (ВИДЕО)

Утрово, гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин медиумскиот експерт Виктор Грозданов со кој се зборуваше како да се надмине пропагандата каде се цензурирани некои медиуми.

Тој вели дека публиката преферира да чита опозициски медиуми, меѓу кои го спомнува и нашиот медиум Лидер, но и ја нагласува значајноста на читателите.

– Јас никогаш не сум ја потценувал публиката која ги следи медиумите, вели Грозданов.

Понатаму тој зборува за некои имиња кои се блиски до власта, детално може да слушнете во видеото, но како пример ја издвојува Ивана Хаџиевска. Со новинарот Златев ја коментираат дека Ивана Хаџиевска прави „причини за да се извинуваме“.

Во емисијата „Утро со Златев“ тој додава дека и рејтингот на телевизиите Телма и 24, е помал од Алфа. Тој вели дека граѓаните се наклонети повеќе кон опозициските медиуми.