Грозданов: Катица пробува да испорача политика

Катица Јанева работи случаи на СДСМ, истакна членот на ГРОМ, Виктор Грозданов во отвореното студио на ТВ Нова.

Тој зборуваше за почетоците на т.н бомби на опозицијата.

-На почетокот СДСМ ги започна бомбите со изјава дека масовно била прислушувана опозицијата, а не Мијалков и Груевски. Тука имаме прислушување во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас точно знам кои се телекомуникациските можности. Од СДСМ не слушнавме ништо освен разговорот на Заев со неговото дете, потсетува Грозданов.

Тој додаде дека Катица Јанева мора да биде прецизна во своите изјави и смета дека обвинителката пробува да испорача политика.

-Нејзиниот ПР менаџер не знае да ги срочи изјавите, а Јанева не е подготвена реторички тоа да ги изведе, истакна Грозданов.