Грозданов: Мицкоски има голем рејтинг кај граѓаните, СДСМ се плаши од тоа и затоа обвинува за лажни вести

Виктор Грозданов, новинар во своето гостување во радио „Лидер“ зборуваше за влијанието односно рејтингот на Христијан Мицкоски каде посочи дека откако Мицкоски ја превзема партијата за многу брз период ВМО-ДПМНЕ доби голем рејтинг кај граѓаните.

Новинарот Грозданов посочи дека баш поради ова и тоа што се очекува ВМРО-ДПМНЕ за следни локални избори да победи во најмалку 5 скопски општини кај СДСМ има голем страв и затоа сите оние кои промовираат дека Мицкоски работи се обвинети дека шират лажни вести.

„СДСМ сака го сруши од Христијан Мицкоски затоа што им се доближи на граѓаните. Во првиот круг од претседателските избори разликата беше 4-5 илјади гласови, на парламентарните избори. А со колку победи СДСМ, со сите пари кои ги даде, со сите медиуми на крај разликата беше само два пратеника, тоа е стравот. Еве на пример ако ги земеме скопските општини најнегативно мислење има за Златко Марин, па Борче Георгиевски, па Петре Шилегов, се очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во 5 општини минимум, тоа е стравот и сега сите оние кои што промовираат дека Мицкоски работи нешто нормално вие сте обвинети дека сте пропагандна машинерија на лажни вести“, рече Грозданов.