Грозданов: Рекетот по затворање на „1ТВ“ продолжи во нови форми

Кај колегата на госпоѓата Атовска прави емисија на Зоран Заев на 4-ти април 2019 година. А, Зоран Заев се качува кај Боки – 13 и му вика дека рекламите од „Пелистерка“ се рамни на рекет, што значи рекетот не е пријавен на 20-ти пријавен, туку му соопштува на 4-ти април, посочи Виктор Грозданов при своето гостување во „Заспиј ако можеш“.

Според него, индициите се дека рекетирањето не завршило со престанувањето на работа на ТВ1.

„Рекетирањето со затворање на телевизија ТВ1 не запре, таа продолжува, но во само нови форми. Може да ми објасните вие како новинар што е Утрински Брифинг? Тој медиумски проект кој го нарушува пазарот. Како дојде до клинч меѓу луѓе коишто работеа на пазарот и луѓе коишто беа помагани од Фондацијата на Сорос? Овој оди самиот да го купи предавателот, а на овој му го подарува и од тоа настанува клинч. Го руши балансот на пазарот“, рече Грозданов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.