Грозданов: Сеад Кочан и „Трансмет“ се елиминирани на етничка основа

Вчера вечер во дебатната емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа се емитуваше третото продолжение од сагата на фамилијата Кочан.

Во емисијата гостинот Виктор Грозданов повторно со своите раскажувања поткрепени со документација и преписки помеѓу Трансмет со институциите успеа да и презентира на јавноста што навистина се случувало.

Како власта на СДСМ преку тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги уценувале Кочан, за да се откажат од проекти кои достигнувале вредност од неколку десетици милиони евра, и тие проекти да им се доделат во четри очи на фирми блиски до нив.

Грозданов во еден момент го кажа она за што веќе се зборува во народот, наиме дека Кочан и Трансмет се елиминирани од етнички причини, односно, затоа што се Бошњаци.

Иако фамилијата Кочан се Бошњаци, они со своето работење покажаа и докажаа дека се лојални граѓани на оваа држава.

Во нивните фирми работеа граѓани од сите етнички заедници, нивните фирми соработуваа со сите останати фирми во Македонија.

Како општествено одговорни граѓани браќата Кочан и нивните компании се јавуваа како донатори и спонзори на многу проекти со кои се зајакнуваше македонската култура, македонската историја и македонскиот идетитет.

https://www.facebook.com/watch/AlfaTV.mk/