Грозданов: СЈО е портпарол на СДСМ секогаш кога ќе дојдат на ситуација „падни“ „стани“

131

Она што во моментов го прави СЈО во врска со Сеад Кочан како што веќе кажав и за ТВ Нова, како што постојат истражувачки новинари финансирани од Сорос, така постојат и други луѓе кои што истражуваат и веќе доаѓаат до сериозни информации дека обвинението е повеќе од тенко и дали воопшто постои криминал како што СЈО веќе го најавија, изјави денеска пред СЈО на мирниот протест, Виктор Грозданов, поранешен директор на Канал 5 Телевизија и поранешен прв човек на Асоцијацијата на приватни медиуми.

-Мислам дека ова е едно смислено сценарио затоа што СЈО се појавува како политички портпарол на СДСМ и секогаш кога ќе дојдат на ситуација „падни“ „стани“ и дали ќе прават влада или нема да прават влада и дали собранието ќе им дозволи доаѓа до напад на медиумите кои најмногу им сметаат. А сето тоа во коорелација со изјавите на Зоран Заев дека медиумите му се едните од најголемите политички непријатели и не медиумиски, туку политички непријатели. Нападот врз Тв Нова е исклучиво за да ја згаснат телевизијата затоа што се етаблираше на македонската новинарска сцена како медиум со искусни луѓе кои што може да информира малку поквалитетно од она што го прави нивниот главен конкурент и станува збор за исклучиво формативен канал, потенцираше Грозданов.

Тој исто така истакна дека во овој момент се врши истражување дали во телевизија 24 вести, братот на Зоран Заев е еден од најсериозните финансиери на истата телевизија и дали на него лично му смета телевизија Нова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.