Секој вакциниран ќе добие сертфикат. За Ковид-пасош, со ЕУ, се уште се разговара – вели за Студио 10 на ТВ 24 Претседателката на комисијата за имунизација, Александра Грозданова.
Во гостување за Студио 10, Грозданова истакна дека се е подготоовено за процесот на вакинација.
– Почнуваме во 8 часот, во две смени. Аплицирањето на вакцината ќе се одвива во модуларната болница и ќе биде поделено на 6 пункта. Планираме со некоја динамика 300-400 дневно здравствени работници. Први ќе бидат здравствените работници од Инфективната клиника, потоа од 8 Септември, клинички цетнри, а после сите останати колеги од останатите градови.
Во однос на интересот за вакцинација кај работниците, истакнува:
– Во анкетата спроведена во декември, околу 67 посто од здравствеите работници (тука мислам на целиот персонал) изрази желба дека сака да се вакцинира. На прашањето кога – и тука имавме добар интерес. Секако, треба да се потенцира дека сите здравствени работници кои изразија желба ќе бидат вакцинирани, но приоритет ќе имаат они кои не го прележале вирусот. – вели Грозданова.
Во моментов ја иаме имаме фајзеровата вакцина. Најавени се кинеските. Дали граѓаните ќе имаат можност за избор на вакцина?
– Преку страната секој може да ја изрази желбата за вакцинација. Се избира локација. Во однос на бирање на вакцината, засега на располагање имаме една вакцина. Кога ќе пристигнат другите, секој ќе ја има можноста да избере со која ќе се вакцинира. Важно е да се каже дека доколку првата доза ја земете од Фајзер, мора и втората да биде од Фајзер.
Дел се мислат дали да се вакцинираат. Колку досега се пријавиле и кој е вашиот став по ова прашање?
Имаме два екстрема, едни кои сакаат едвај да се вакцинираат и оние кои не сакаат. Оваа вакцина не е задолжителна и е одлука на секој граѓанин. Но, здравствените работници одблиску ја видоа короната и знаат колку е важна превентивата. Во однос на бројот на пријавени ситемот вели дека има 48 000 – 50 000. Со тој податок располагаме сега и бројката е задоволителна.
Дали кога ќе се вакцинираме ќе треба да носиме маски?
– Секако дека веднаш со првите 200-300 илјади вакцинирани нема да прекинат превентивните мерки. Потребно е поголем број да се вакцинираат. Со втората доза се комплетно заштитени. Како за пример ќе го кажам Израел. Таму тртансисмијата е сведена на минмум со тоа се намалија и рестриктивните мерки. Но, сепак, ќе треба уште одредено време да се носиме маски.
Кој се може да се вакцинира? Што треба прво да се направи? Каква е процедурата?
– Здравствениот тим поставува класични прашања и секој граѓанин кој е во добра општа здравствена состојба, која не асоцира на симптомите на Ковдид, е во можност да се вакцинира. Доколку сте биле прележани, може да се вакницирате најмалку месец дена од прележувањето односно месец дена од комплетно закрепнување.
На прашањето дали мможно да се воведе ковид пасош, вели:
Секој граѓанин по примање на втората доза ќе добие сетификат дека е вакциниран. Разговарано е околу тој пасош меѓутоа се уште има дилемми ради етичките аспекти. Морам да споменам, доколку сакате да патувате во афричките земји, ви издаваат имунизачики пасош и тоа е услов за да влезете и за да излете, така што досега постоело, но за ова сега не се знае. Вакцинацита е се уште право на избор. Граѓаните се надевам ќе станат свесни за вакцината. Се остава време да видиме како административно ќе се регулира.
Дали да се палшиме од нов сој?
Мутациите се нормална и очекувана појава. Во одос на движењето – некои се со појака трансмисија и треба, додека не почнат интензивно овие варијации сите да се вакцинираме. Но, сите мутации би требало да се заштитиме со вакцините.