Грозоморни детали од бруталното силување во Приштина: 11 годишното девојче било и жртва на трговија со луѓе

Се појавија нови грозоморни детали од бруталното седумчасовно силување на единаесетгодишното девојче во Приштина, а за настанот има различни верзии.

Во вторникот беше уапсен петтиот осомничен за силувањето, од кои тројца се малолетни. Екрем Р.(26) и неговиот брат Г.Р., претходно биле уапсени во Приштина под сомнение дека седум часа силувале девојка (11). а, на уште тројца по приведувањето им е одредена мерка притвор.

Изминативе денови се појавија неколку верзии за настанот, а на Инстаграм страната „feminsm.ks“ детално е опишан хоророт што го доживеало малото девојче. Како што е наведено на споменатата страница, хоророт започнал во паркот кога најстариот меѓу силувачите и пришол на девојката.

-Единаесетгодишно девојче било во парк во Приштина кога и пришол Е.Р. (26) и и рекол „Душо, ми се допаѓаш“, набргу потоа ја допрел по стомакот и грбот. Ја ставил во непријатна ситуација, но таа не можела да реагира бидејќи насилникот и ја ставил раката преку уста за да молчи – наведуваат на страницата на Инстаграм и додаваат:

-Таму беше и неговиот помал брат. Тие ја соблекле девојката, а Е.Р. бил првиот што силувал, бруталното насилство го продолжил неговиот помлад брат Г.Р. Но, и тоа не им било доволно, па набрзо им се придружиле и тројца пријатели кои една по една ја силувале – наведуваат на споменатата страница на Инстаграм и додаваат дека бруталното насилство траело седум часа.

Во меѓувреме, Самедин Мехмети, директорот на полицијата во Приштина, поднесе оставка од таа функција поради случајот на силување, соопшти министерот за внатрешни работи на таканареченото Косово, Џељаљ Свечља.

Случајот во полиција го пријавила мајката на несреќното девојче.

-Мајката изјавила дека девојчето излегло од куќата во саботата попладне и дека ја нашло дури по полноќ во катастрофална емотивна состојба, по што детето и признало што и се случило – објавија претходно албанските медиуми.

Одделот за тешки кривични дела на Основниот суд во Приштина на петмината осомничени за силување на 11-годишно девојче им одреди мерка притвор од 30 дена, пренесува Коха.

Косовскиот интернет портал „Перископи“ од полициски извори дознава дека истата жртва била сексуално злоставувана кон крајот на јуни годинава. Според нивните извори, силувањето го извршиле шест лица.

Порталот пишува дека девојчето била и жртва на трговија со луѓе во која учествувале други возрасни лица. Жртвата, вечерта на 21 јуни, била во кафуле во близина на нејзиниот дом во Приштина. Тука сретнала возрасен човек, со кој заминала во мотел во околината. Во мотелот била цела ноќ сексуално злоставувана од вкупно шест возрасни лица. Нејзините родители го пријавиле во полиција исчезнувањето, но девојчето го нашле следното утро фрлено на улица недалеку од нејзината куќа.

Според порталот Перископи, за овој случај кој потоа бил пријавен во полиција, не е уапсен ниту еден од насилниците, иако биле идентификувани од самиот почеток. На разговор во полиција не биле повикани ниту сведоците на настанот.

Во полицискиот записник се води само дека жртвата е упатена на медицински преглед, а потоа во соработка со Центарот за социјална работа и било препорачано прифатилиште. Но, медиумите дознаваат дека нејзините родители барале да се врати дома. Овој случај е се уште под истрага, пишуваат медимите во Косово.