Грција: Полицијата со солзавец против демонстрантите

31

Протестите и демонстрациите продолжуваат во Грција, доаѓајќи до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

При обид на група демонстранти да влезат во зградата на грчкото Министерство за административна реформа и е-влада , полицијата во Атина употребила солзавец. Повредени се две лица кои ги изгубиле свест од користениот гас, при што веднаш им е укажана медицинска помош, пишува „ИТАР- ТАСС“.

При протестна акција се приведени деветмина лица. Сите биле чувари во локалните училишта. Протестите на чуварите се факт, откако поради реформа на практика нивната професија ќе биде искоренета. За реформата одговара токму министерството на административната реформа и е-влада.

Ваков обид за упад во зградата на министерството имаше и во септември од страна на наставниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.