Груби: Јазикот се наметнува или со силата на оружјето или со силата на културата и цивилизацијата

„Албанскиот народ зборува еден јазик што, настрана на природните трансформации на елементите од кои што ниту еден друг јазик не бил поштеден до денес, не може да се поистовети со другите келтски, латински, германски, словенски или хеленски јазици, освен таму каде што се среќава со нив со обединети индо-германски корени. Сите што зборуваат на овој јазик имаат националност потполно одделена и целосно одвоена од онаа на другите народи во Европа.„

Токму преку овој дел од говорот на отецот Ѓерѓ Фишта одржан во текот на 1919 година на Конференцијата во Версај во Париз, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби го започна својот свечен говор по повод одбележувањето на 22 ноември, денот на Битолскиот Конгрес и денот на албанската азбука.

По овој повод, Груби соопшти дека оваа година ја одбележуваме и 80-годишнината од смртта на големиот Ѓерѓ Фишта, претседателот на комисијата за изготвување на азбуката на Битолскиот Конгрес, на кого му ја посветуваме оваа годишнина од денот на Албанската азбука.

Вицепремиерот Груби рече дека причината зошто го избрав ова пророштво произлезена од големиот Фишта за да го вратам во сеќавање денеска, е поврзаноста, зависноста и потребата да се потсетиме на последиците од конференцијата во Версај, која не успеа да стави крај на причините за Првата Светска Војна и предизвика дополнителни последици што се чувствуваат силно и денеска

Груби, исто така, по повод свечениот говор со кој се одбележа 22 ноември, денот на Албанската азбука, рече дека судбините на нашите народи во нашата земја се меѓусебно поврзани. Заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграција.

Првиот вицепремиер Груби потсети дека принципот на самоопределување за етничката припадност, јазик и идентитет не може да се утврди со договори и трактати, туку само врз принципите на божествениот закон.

Денес, на 22 ноември, на одбележувањето на денот на Албанската азбука, минатото не смее да ја држи иднината во заложништво. Методите и вредностите на 19 век не можат да се вратат во 21 век.

На крајот од својот говор, Груби во име на Владата на Република Северна Македонија, сеќавајќи се и поклонувајќи се пред сите мажи и жени на нацијата кои со децении и векови се труделе за подобро утре, им го честиташе на сите Албанци 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на Албанскиот јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.