Груби го разреши советникот Касапи, неодамна фатен со дрога

Шпат Касапи разрешен е во понеделникот од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, бидејќи пред еден месец бил приведен поради поседување дрога.

Груби за „360 степени“ изјавил дека разрешувањето на советникот била првата работа што ја направил утрово.

 „Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес – рекол тој.Инаку, Касапи е познат пејач, инаку син на прaтeничката Ѓулемсер Касапи.

Пред еден месец, како што објавија медиумите, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“ изјави дека неморално е тој да му биде советник на вицепремиерот.

Во меѓувреме, Касапи на социјалните мрежи објави дека се наоѓа во Тирана, со цел да покаже дека не е во затвор.