Груби: Изет Меџити може да биде наследник на Али Ахмети во ДУИ

Изет Меџити со статус на Фејсбук напиша дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.

„На последниот состанок се согласивме да ги поддржуваме политиките на ДУИ. После таа средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа изјава“, рече Груби.

На прашањето дали Меџити може да биде наследник на Ахмети на чело на ДУИ, Груби одговори:

„Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети“, рече Груби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.