Груби: Не може денешни спорови да се решаваат со размислување од 18 век

Артан Груби вицепремиер и министерот за политички систем и односи со заедниците во емисијата 24 анализа рече дека се надева оти ќе се изнајде решение со помош на партнерите во Брисел и Вашингтон за да се откочи процесот со Бугарија. Груби истакна дека нема да има нови предлози за измена и дополнување, туку за имплементирање на Добрососедскиот договор.

– Португалскиот предлог го предложивме, рековме дека е добар во основа за решавање на спорот, а Бугарија го дочека на нож. Денешниот наш предлог е дека сè работи за обид за адресирање на нивната загриженост по однос на позициите на Македонија кон соседот и апсурдно е дека Македонија би имала било какви територијални претензии кон Бугарија – рече Груби.

Вицепремиерот потенцираше дека апсурдно е да се спори идентитетот на која било заедница и целосно се солидаризира со Македонците околу тоа прашање. Тоа не е во духот на европската солидарност и смета дека треба да се остане на Добрососедскиот договор.

– Не може денешни спорови да се решаваат со начин на размислување од 18-ти или 19-ти век, зошто сме веќе во 21-ви век. Спорот може да се реши само ако гледаме во иднината – рече Груби