Груби не се чувствува подготвен, но точно се знаело кој ќе биде премиер Албанец, а името ќе го соопшти Ахмети

Заклучив дека е прерано за мене и за мојата политичка кариера да бидам премиер и да предводам влада. Друга кандидатура би била подобра и за државата и за партијата, бидејќи ДУИ има изградено административни капацитети за различни функции и тоа се гледа по анкетите.

Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби и истакна дека веќе точно се знае кој ќе биде премиер Албанец, но како што истакна, името ќе го соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во врска со претствојните избори, Груби вели дека 8 мај е опција, иако се паѓа во среда.

Тоа е последен и најран термин за претседателски и парламентарни избори и така ќе останеме во рамките на редовните избори, вели Груби.

Тој за следната недела најавува лидерска средба на која дефинитивно ќе се одлучи за датумот на изборите, односно да се потврди дека првиот круг на избори ќе биде на 24 април, а на 8 април ќе се одржи вториот круг на претседателски избори и парламентарните избори.

– Ова не е по барање на ВМРО-ДПМНЕ, ние видовме дека расположението на граѓаните е такво па се усогласивме со тоа, изборите да бидат заеднички за да не се трошат ни пари ни енергија на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека имаат повеќе шанса да ги добијат изборите, а не мислат на буџетот на граѓаните, оти истата партија одржуваше предвремени избори во неколку наврати – вели Груби.

Груби вели дека е трагедија тоа што ВМРО-ДПМНЕ не сака пржинска влада и смета дека тоа е навестување што ќе се случува ако победи ВМРО-ДПМНЕ во што Груби не верува.

– Првиот Албанец премиер не беше условен со пржинската влада, туку поранешниот премиер Заев рече дека ќе се повлече од неговата позиција пред изборите за да овозможи фер политичка кампања. Пржинската влада е договор и непочитувањето на договори чинат мандати на политичките партии. И јас би предложил укинување на техничка влада, но тоа да почне да важи од следниот мандат и да продолжиме како сите нормални демократии – вели Груби.

Тој вели дека ќе има премиер Албанец и дека нема ништо лошо да ѝ се случи на државата, како што немаше никаков проблем ни со изборот на Албанец за претседател на Собрание во два наврати. Целта на тоа, според Груби, е покажување дека сите граѓани се еднакви и рамноправни во оваа држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.