Груби против Заев: Субвенционирање етнички вработувања ќе има

Првиот вицепремиерт Артан Груби го демантира премиерот Зоран Заев дека субвенционирање вработување по етничка основа е противуставно.

Груби вели дека уставно начело е еднаква застапеност на сите етнички заедници во институции и општеството. Ова според првиот заменик на Заев значи дека нема ништо спорно доколку Владата да субвенционираат вработувања во приватни компании на кандидати од малцинствата.

„Идејата беше не да се наметне вработување било на Албанци или на која било друга заедница, туку да се адресираат прашањата на еднаквост, на еднаквост не само во правата, туку и во обврските што ние би ги имале. Зошто да не се отворат сите тие компании за луѓе да аплицираат и за да има правична и адекватна застапеност насекаде низ општеството – да има правилен пристап за сите. Ако ја видите етничката застапеност во сите тие компании, па без малку би биле 100 отсто претставени само од македонската етничка заедница. Таму нема ниту Роми, ниту Турци, нема ниту Бошњаци, нема ниту Власи, ниту Срби, па ниту Албанци во некои од тие компании. И затоа велиме да имаме еднаков пристап дали тоа ќе биде преку субвенција, дали тоа ќе биде преку други форми на соработка со тие компании, посебно, на пример, не знам фаворизирање по преземање на соработка или аплицирање во државни фондови коишто би ги поддржале нив“, објаснува Груби.

Одговорот на Груби следи откако Заев мерката како што ја најавува вицепремиерот ја оцени како противуставна и најави дека ќе се субвенционираат вработувања без разлика на етничката припадност.

„Субвенционирање на вработувања по етничка основа нема да има – тоа е неуставно“, рече децидно Заев.

Се уште нема решение за 1.300 рамковно вработени кои седат дома

Во меѓувреме, околу `1.300 лица од јавната администрација вработени според Рамковниот договор се уште седат дома и земаат плата. Груби вели анализите се во тек и ова ќе биде решено бидејќи е дел од коалицискиот договор СДСМ – ДУИ за формирање влада.

оговорот ќе го имплементираме, ќе ги систематизираме сите тие луѓе коишто сакаат да работат и коишто очекуваат да бидат систематизирани. Во моментов формиравме работна група за да ги анализираме нивните стручни подготовки колку имаме економисти, правници, ИТ-инженери, колку се со средно образовани за понатаму со МИОА да најдеме по систематизацијата што тие ја имаат за целиот јавен сектор да ги најдеме празните места, изјави Груби.

Тој не очекува овој процес да заврши до крајот на годината и според него, не е по нивна вина што тие лица седат дома, туку е комбинирано.