Груби: ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип, средствата ќе се пренасочат за подобрување на животната средина

131

Планираната инвестиција за изградба на аеродром во Штип, нема да се реализира, а средствата ќе бидат пренасочени за животна средина, најави вечера првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

„Екологијата ќе биде врвен приоритет на новата Влада. Затоа одлучивме, наместо нов аеродром, средствата планирани за таа инвестиција ТАВ Македонија ќе ги пренасочи за проекти од областа на екологијата“, рече Груби за ТВ21.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.