Груби во посета на Косово, ќе бара помош за пописот

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ќе престојува во еднодневна посета на Приштина.

Групата ќе оствари средба со лидерите на политичките партии, Вјоса Османи, Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај и претседателот на Здружението за деца без родители на Балканот, Халил Кастрати.

Тема на разговор на состаноците ќе биде пописниот процес  во Република Северна Македонија, се вели во најавата.

Косовскиот политичар Албин Курти, чија партија победи на неодамнешните парламентарни избори, вчера упати повик до Албанците од Македонија кои се во странство да се самопопишат.

Тој објави видео на Фејсбук во кое ја повикува албанската дијаспора од Македонија да се регистрира на пописот и објави линк до веб страницата на Државниот завод за статистика.

Курти  вели дека во согласност со македонскиот Устав, политичките права во земјата ги диктираат бројките и затоа регистрацијата на пописот е исклучително важна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.