Груби за навивачите на „Вардар“: Такво однесување нема место во нашето ново општество

Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада им порача на навивачката група на Вардар, Комити, дека за нив нема место во новото општество во кое се почитуваат евро-атлатските вредности, алудирајќи на нивното однесување пред мечот меѓу Вардар и Шкупи.

-Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, истакна Груби.

Груби го најави и го организираше настанот кој се случи лани, на 22 ноември во Македонскиот народен татар (МНТ) кога се одржаа два настани. Првиот беше посветен на Денот на албанската азбука, во организација на Министерството за политички систем. Вториот настан беше првично најавен и организиран од пратеникот Артан Груби каде што дивееја навивачите на Шкупи, познати како „Шверцери“, соопшти тогаш МНТ. По демолирањето на националниот тетар пристигна крим-техника за да изврши увид на штетата што е направена. Беа откорнати орнаменти од ѕидовите и тапацир од столчињата.

Тогаш во МНТ се прославуваше 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“. Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата. Дивеењето на „Шверцери“ чинеше 4.000 евра.

На крај беше казнета директорката на театарот Симона Угриновска со 15 отсто од платата три месеци, затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.