Груби: Заев ми вети дека ќе има и Албанци во единицата „Тигар“

Вицепремиерот Артан Груби вели дека неговото присуство на 40-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е добар знак за напредок и оти време е за помирување.

– Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажуваме дека државата е заедничка на сите што живееме тука – изјави Груби во гостувањето на ТВ 21.

Тој вели дека во минатото имало Албанци во единицата, но се откажале.

Единицата „Тигар“ важи за единствена во која нема припадник од етничките Албанци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.