Груевски: Слобода за патриотите, потребно е национално помирување

Со сета осуда на насилството на поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати или повредени, но земајќи ги предвид грешните чекори на власта, ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот од 27-ми април 2017 година и почеток на периодот за национално помирувајќи. Затоа што овој реваншизам не не води никаде.  Доста е!, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во неделата на Маршот за правдата и татковината на кој според процените на медиумите присуствуваа околу 15,000 членови и приврзаници на партијата.

„Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Митко Чавков, неговите колеги и многу други граѓани НЕ се терористи.  НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување. Шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување, тоа е неправда. Тие само беа на своето работно место во Парламентот и никого ниту убија, ниту повредија. Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување, потребно е да се запре со неправдите, да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија“, порача Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на Македонија и требаат реформи, влез во НАТО и ЕУ, напредок, инвестиции, нови работни места и пред се правда.

„На Македонија не ѝ е потребен реваншизам и неправди. Народот бара подобар живот, повисок стандард, повисоки пензии, плати….“,  порача Груевски.

Оваа влада втерува страв кај луѓето, кај граѓаните на Македонија, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, заблагодарувајќи им се на присутните затоа што дојдоа заеднички да го искажат незадоволството од неправдите во Македонија, неправдите од новата власт, коајшто како штео рече Груевски, половина година дивее и нанесува многу неправди насекаде и многу штета.

„Оваа марионетска влада дојде на власт, невадејќи го зборот правда од уста, а еве шест месеци сите ние – Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите, сите граѓани на Македонија, секојдневно гледаме многу неправди, кои болат, фрустрираат, кои создаваат бес, незадоволство, но и многу штети. Иако се ангажираше цела армија на платени луѓе од народни пари, секојдневно преку медиумите или социјалните мрежи да ги оправдуваат чекорите на оваа марионетска власт, иако Зоран Заев назначи и министер за пропаганда, иако медиумите се под силна закана и најголем дел од нив замолкнати за давање на критика, сепак за неправидите се говори секјдневно, бидејќи се чувствуваат секојдневно“, рече Груевски

„Ние од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата можеби сме најмногу изложени на неправдите од оваа влас, но не се поштени ни многу други граѓани, а најмногу штета има државата, нашата заедничка Република Македонија. Ветуваа правда, а сега имаме реваншизам и тонење на економијата, на општеството, на моралните вредности. Сите тие неправди сакаа да ги одалечат од мислите на народот, со одвлекување на вниманието на истиот, со црнење на опозицијата, измислување спинови и афери, лаги и конструкции, верувајќи дека така може да го истераат целиот мандат“, додаде

Неправдата, вели Груевски, се чувствува на секој чекор, а селективната правда е исто така неправда и создава револт.

„Зборуваат за правда, а неправда на секој чекор. Заробената држава ја крши храброста на луѓето, а стравот станува секојдневие. Луѓето се исплашени, уценети, го потиснуваат своето мислење, затоа што во Македонија почнува да се казнува слободната мисла, а на љубовта кон татковината се гледа како грев за кој почна да се оди и во затвор. Животот никаде го нема, а неправдата и прогонот стануваат име и презиме во секоја област“, додаде лидеро на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.