Груевски беше ландокрвен кога судот ја соопштуваше одлуката, сведочат унгарските новинари

122

Поранешниот македонско премиер Никола Груевски без каква и да е реакција ја слушнал во четвертокот одлуката на унгарскиот суд со која не беше овозможена екстрадиција во Македонија, сведочат за телевизијата Телма
унгарските новинари кои претпладнето биле присутни во судот кога Груевски бил доведен во судот, но и на читањето на судската одлука.

„Полицијата Груевски го спроведе ано изутрината. Тој дојде со палтото префрлено преку рацете. Некои велат дека има лисици, но јас не ги видов. Не сум сигурен дека имаше лисци, но ако имаше успешно тоа го криеше со палтото. Тој ги игнорираше медиумите и прашањата на новинарите и влезе во судницата со безбол капче и со славните наочари за сонце“, вели за Телма, Жолт Кернер, новинар во весник „24“.

Неговиот колега пак вели дека Груевски имал некаков вид на лисици на рацете, што било стандардна процедура на унгарската полиција кога приведува некого на барање на судот.

Тој ги покриваше со своето палто кое висеше на неговите раце и ги криеше од камерите, вели Балаш Редли, политички дописик РТЛ Унгарија.

Кога судот почнал со работата, новинарите биле отсранети од судницата на барање на Груевски, но и на обвинителството.

Судијата побара новинарите да ја напуштат судницата, бидејќи Груевски не дозволи медиумите да ја сладеат седницата, исто и неговиот адвокат и обвинителството, бидејќи имаше некаков чуствителен материјал за кој разговараа и не сакаа новинарите да го слушнат тоа, додаваКернер.

Новинарите биле пуштени внатре кога судот му ја соопштувал одлуката на Груевски.

Кога судијата ја прочита пресудата, тој остана ладнокрвен. Тиј не рагираше, дури не се ни насмеа, не рече ништо. Само го слушаше преводот, вели Редли.

Груевски ги игнорирал новинарите и при своето излегување од судот.

„Тој замина од зградата придружуван од двајца полицајци и од медиумите. Новинарите го опкружија и постојано му поставуваа прашања, но тој само одеше низ зградата без да каже ништо. Тоа траеше околу пет минути, излегувањето од зградата и ние го следевме по ходниците, скалите, вратите, тоа беше доста долго одење, но тој не рече нитшо. Кога излеговме од зградата таму го чекаше црн автомобил со шофер. Тој седна на задното седиште и замина без да каже збор“, вели Редли.

Според она што го сведочат унгарските новинари, очигледно е дека Груевски престојува на тајна локација и оти постојано менува автомобили. На тоа сведочат и претходните снимки на Груевски, каде се гледа дека тој користи различни автомобили.

Унгарските новинари за Телма информираат дека статусот на азилант кој го има Греувски во Унгарија може да биде ревидиран од унгарските власти. Унгариј наскоро ќе добие нов министер за правда, но унгарските новинари не се многу убедени дека статусот на Груевски или одлуката за екстрадиција би се променила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.