Груевски: Бугарија не го признава македонскиот јазик, сметаат дека е некаков бугарски дијалект

Зошто во Бугаија гледаме слават, го дочекуваат Заев со банери ‘добредојде во својата земја’, или како го нарекува една политичка партија таму? Зошто таму сите се среќни, а ние ништо не знаеме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола груевски во интервјуто за ТВ Нова.

„Договорот со Бугарија, Република Македонија го договараше подолг период, таму неколку прашања останаа за натамошни дискусии. Едно прашање, на коешто ние инсистиравме беше прашањето тие да ги признаат македонскиот јазик. Тие сѐ уште, во сите договори досега пишуваат ‘македонски јазик согласно Уставот на Република Македонија’. Тоа имплицира дека не постои, измислен е македонскиот јазик, ама бидејќи го има во Уставот, тогаш во ред нека пишува македонскиот јазик согласно Уставот. Во ниеден друг договор којшто го потпишала Бугарија со друга држава нема таква формулација. Во ниеден друг договор меѓународен којшто го потпишала Македонија нема таква формулација“, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто Бугарија не ни го признава јазикот.

„Сум разговарал со многу високи челници од нивната држава и има различни коментари, но најчести се коментарите дека сметаат оти македонскиот јазик бил некаков дијалект на бугарскиот, дека ни го измислиле Србите, дека ни вметнале две или пет букви итн. Не можете вие во 21-от век да им го негирате јазикот на два милиона луѓе, 21-ви век е, негирате јазик и тие немаат одговор на тоа, настрана што аргументите не им држат, тоа нема да навлегувам, треба во историја да навлезам“, рече Груевски.

Нагласи дека со истиот договор, втората работа која бараат да влезе е дека имаме заедничка историја.

„Според експертите во тоа време, а тоа беа доктори на науки по историја, некои од нив и академици по историја, имплицираат дека македонскиот народ во минатото биле ништо друго, туку само Бугари. Меѓу тие експерти беше и господинор Блаже Ристевски. Јас не знам зошто го нема сега да излезе, зошто го нема МАНУ да излезе, каде е Таки Фити да излезе сега. Дали не излегува затоа што можеби некој го уценува со некои разговори или не излегува затоа што беше член на СДСМ и СДСМ го направи министер за финансии пред 20-ина години“, рече Груевски.

Еден ваков молк, кога во едната држава слават, рече Груевски, а во другата ни кажуваат дека ќе ни го дадат договорот на некој ден пред потпишување и еден таков молк од институција како што е МАНУ, еден таков молк од некои историчари коишто во минатото цели трудови напишале на таа тема во полза на МАкедонија, сега да ги нема, да се скриени, покриени со ќебе е непримерен, недозволив, каде се да излезат да прашаат, да искоментираат, да го кажат своето мислење.

„Тоа беа дел од работите кои што беа останати, да ни го признаат јазикот, тие бараат да пишува заедничка историја, во најмала рака до 1944 година, бараа да има формулација со која што де факто би се откажале од грижа за Македонците во Бугарија, учебниците ги спомнуваа“, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.