Груевски: Целта на политичкиот прогон е ВМРО-ДПМНЕ и слабеењето на Македонија

Како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не ѝ на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонењена политичките противници, кога стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, истакна на прес-конференцијата во четвртокот претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, алудирајќи на активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политичка, а не со правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес. Таргетот е ВМРО, сите случаи се против ВМРО, кршење на ВМРО за слабеење на Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски порача дека нема да успеат и нема да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ, нејзините 170 илјади челнови и над 450 илјади гласачи.

„Ние остануваме на бедемот на државата. Во овој процес како никаде на друго место нападнати и обвинети се и судии поради слободна судска одлука, како и членови на ДИК на чии одлуки имало можности и за жалби, како и за новинари затоа што критички ги опсервирале. Преседан од невидени размери, но целта е да се заплаши судството, да се заплашат судиите, да одлучуваат во полза на целите на СДСМ и нивниот инструмент СЈО, како и да се заплашат новинарите и целиот народ“, рече Груевски.

Nikola Gruevski1

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „гревот“ на партијата е што изминатие единаесет години беа на браникот на одбрана на државните и национални интереси на Македонија, што одолеале на многу притисоци и закани.

„Одолеавме на многуте притисоци и закани поврзани со името на државата името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори или, пак, спроведување на платформи на туѓи држави, што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата каква што ја сака народот, а не како некои други што ја посакуваат“, додаде Груевски.

Груевски оцени дека станува збор за срамен и кукавички чин.

„Свесни дека тоа за што се обврзале да го прават пред нивните налогодавци нема да остане премолчено од ВМРО-ДПМНЕ. Посегнаа на ваков најбрутален начин да се пресметуваат со нас, откако предходно работеа на создавање подлога. Како е можно да кажат дека за случајот ‘Талир’ имале само еден месец кога имаа најмалку 18 месеци. Што правеа во изминатите 18 месеци“, запраша челникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Nikola Gruevski

Според Груевски, неговите политички противници се водени се од омраза, гнев и обврските кон налогодавачите.

„Но оваа нема да им помине и ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие оваа, длабоко се излажале. Сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекуваа попустливоста во нашето делување завршува денес“, порача Груевски.

Рече дека сега е времето историјата да оценува и да суди

„Ние се плашиме само од судот на историјата, а СЈО ќе биде по некое време оној дел од историјата, од кој ќе се срами секој што ја сака оваа држава. Овде очигледно не е само Никола Груевски во прашање, туку во прашање е една идеја за Македонија, силна, цврста и самостојна која сакаат да ја скршат и спремни на сѐ заради тоа“, рече Груевски.

Смета дека водството на СДСМ е гневно и полна со омраза, но како што рече Груевски, брзо ќе дојде денот кога ќе сфатат дека „кругот се врти и продолжува да се врти и многу лесно од горниот дел може да се најдат во долниот дел на кругот“.

„Онаа што дополнително загрижува се информациите дека раководството на СДС било во постојана комуникација со неколку од обвинителите и ги координирале заеднички сите нивни активности. Затоа е и јасно зошто секогаш кога Заев ќе направи сериозен гаф или крупна политичка грешка, СЈО се јавува со некој спектакал“, заклучи Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.