Груевски: Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа

Програмата денес почнуваме да ја пишуваме заедно. Посакувам активизам, иницијативност, бомбардирање со идеи на кои силно ќе се посветиме и ќе се фатиме во костец да ги реализираме. Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа.

Ова го истакна премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето по повод почетокот на кампањата за прибирање идеи од граѓани за новата програма на партијата.

Граѓаните да бидат дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ

Груевски побара граѓаните да бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2016-2020 и вети дека ВМРО – ДПМНЕ тргнува во нов циклус моќно, одговорно и решително во пишување на новата реална програма која ќе биде најсеопфатна и ќе претставува нов револуционерен исчекот во политичкиот дискурс во Република Македонија.

Нашата програма граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што е во неа ќе биде реализирано. Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок, рече Груевски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ нагласи дека противниците ќе ветуваат чуда, затоа што, посочи, немаат друг избор, но, истакна, народот е мудар и знае да разликува што е остварливо, а што не.

Народот знае да разликува и кој држи до зборот. Ние оставаме за нас да говорат делата. ВМРО-ДПМНЕ е сервис на граѓаните, додаде премиерот Груевски и посочи дека најсилниот адут на партијата е што не трча по ситни политички поени.

Тој најави…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.