Груевски: Да останеме фокусирани на реалните проекти

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека треба да останеме фокусирани на реалните проекти, при своето обраќање по повод Илинден.

Во секоја област работиме со неисцрпна енергија, со голем ентузијазам, со голема верба во себе и со неизмерна љубов за својата земја и за својот народ. Ние мора да останеме фокусирани на реалниот живот, на реалните проекти кои носат корист за нашиот народ, и го подобруваат животот за семејствата, за граѓаните, за земјоделците, за работниците, за учениците, студентите, за бизнис заедницата. Земаме пример од најдобрите во светот. Се трудиме да ја придвижиме Македонија кон најуспешните во светот. Без разлика за кое поле се работи, ние не се плашиме да се натпреваруваме. Нашите погледи се насочени напред кон најуспешните во секое поле, рече тој.

Таквите амбиции водат кон високи цели, додаде Груевски и потенцираше дека високите цели водат кон предизвици, предизвиците бараат многу работа, пропратена и со многу препреки и проблеми, но таквата работа секогаш води кон успех.

 

 

Премиерот Никола Груевски денеска одржа говор и положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на централниот плоштад Македонија.