Груевски даде интервју за влијателниот „Bilateral Insight“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кој претстојува во посета на Јапонија даде интервју за влијателниот јапонски магазин Bilateral Insight, пренесува Курир.

Bilateral Insight е влијателен и реномиран магазин кој предизвикува интерес кај политичката и дипломатската јавност. Премиерот Груевски заедно со економскиот тим од вчера е во посета на Јапонија, каде оствари средба со јапонскиот принц Нарухито и неговиот јапонски колега Шинзо Абе.

insight

Владината делегација присуствуваше и на бизнис форум во Токио, каде ги презентираше поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори. Во текот на вчерашниот ден, владиниот тим доби силна политичка поддршка од Јапонија за продлабочување на економската соработка, обезбедени се повеќе стипендии за македонските студенти, беше договорена соработка во здравството и железницата и јапонска поддршка за довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.

Владината делегација предводена од Груевски следните денови ќе ги посети и Кореја и Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.