Груевски и Адеми го посетија реконструираното училиште „Ибрахим Темо“

За време на посетата на Струга премиерот Никола Груевски заедно со министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми го посети реконструираното Средно општинско училиште „Ибрахим Темо“.

Владата преку Министерството за образование и наука инвестираше околу 13 милиони денари за реконструкција на подовите, прозорците и надворешната фасада.

– Сметаме дека со ова даваме придонес за поквалитетно образование, подобри услови за учениците и за наставниците, рече Адеми.

Ова, според него, нема да биде последен проект за ова училиште и за Струга, туку ќе продолжат и следната година со цел да се создадат подобри услови за учениците.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.