Груевски и Заев на средба кај претседателот Иванов

На покана на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, доцна вечерва во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, информираат од Кабинетот на Иванов.

Како што се наведува во соопштението тема на разговор биле актуелните случувања.

Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, се наведува во соопштението на Кабинетот на Иванов.

До оваа итна средба во кабинетот на шефот на државата дојде, откако министерството за внатрешни работи по наредба на Основното јавно обвинителство во вторникот приведе 36 лица за насилствата во Собранието од 27-ми април.

Сите 36 лица се товарат за доби загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Полицијата  приведе 24 лица, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, и оперскиот пејач Игор Дурловски, како и активистот Богдан Илиевски. По 12 лица, а кои е издаден налог сѐ уште се трага.

Обвинителството побара судот да им одреди мерка притвор на 36 приведени. Досега 30-дневен притвор добија Чавков, Дурловски, Јовановски, Мунир Пепиќ, додека пратениците Жаклина Пешевска и Крсто Мукоски добија домашен притвор.