Груевски: Истрајавме заедно со вас, и ќе победиме заедно со вас

Вие, народот на Македонија сте нашата главна потпора и јас ова го правам за вас, затоа што верувам во вас и во вашата одлука и проценка. Вие се знаете и на вас се ви е јасно. Никој не смее да ве потценува. Вие ќе го кажете вашето мислење на следните избори јасно и децидно и тоа ќе биде громогласно и убедливо, рече премиерот Никола Груевскиво своето обраќање до јавноста.

Второ, следните избори треба да означат еден нов почеток. Месеци на политичка криза и вознемирувачки случувања, шпионажи, безбедносни и економски предизвици ќе бидат зад нас. Месеци на кавги, поделби, гнев, агонија, обиди за економски, политички, па и безбедносен колапс на Македонија. Но, ние истрајавме заедно со вас, и ќе победиме заедно со вас, рече тој.