Груевски ја повлекол тужбата за клевета за Заев за случајот „Македонска банка“

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев.

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдија од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот случајот „Македонска банка“.

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев. Со правосилна пресуда Заев беше осуден дека јавно го наклеветил експремиерот Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.

Целата вест прочитајте ја на Макфакс.