Груевски: До крајот на 2020 ќе ја намалиме невработеноста под 18%

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот  во Охрид вечерва истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ содржи над 500 страници на конкретни проекти, мерки и чекори кои се однесуваат на отворање на можности и помагање на граѓаните.

-До крајот на 2020 година ќе ја намалиме стапката на невработеност од сегашните 24% на 17-18 отсто отворање на нови  70.000 нови работни места во Македонија. Тоа е нашето ветување за наредните 4 години.Докажавме дека знаеме и можеме да го правиме тоа.  Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и пензиите за 10,25 отсто. Социјалната помош на оние на кои најмногу им треба ќе ја зголемиме за 50 отсто, минималната плата до 2020 година постепно ќе расте и ќе достигне 14.000 денари, а во текстилната и кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари, рече Груевски.

Тој посочи дека со цел да се  креираат на нови работни места во програмата е предвиден и  проект за Рурални развојни зони, во населени места кои се на листата на рурални подрачја, а детално наведени во нашата програма.

-Од инвеститорите ќе се бара минимум 80 отсто од вработувањата да бидат нови вработувања. Во овие зони инвеститорите ќе имаат услови слични, но и повисоки од оние во слободните економски зони, меѓу кои и ослободување од данок на добивка и персонален данок за вработените за период од 10 години, ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за инвестицијата, подетално опишано во нашата програма РЕАЛНО, рече Груевски.

Образложи  дека со проектот Рурални развојни зони секој еден кој во наредните 5 години ќе започне градба на фабрика, хотел или на земјоделско дистрибутивен центар во било кое село во Македонија, дури и оние кои се најблиску до градовите, или во градови со помалку од 10.000 жители ќе ги има истите дури и подобри услови од технолошко индустриските развојни зони. Рече дека тоа е шанса која не е дадена во ниту една друга држава во светот и ќе ја искористат многу стопанственици . Уникатен проект кој е голема шанса за Македонија.

-Ова е голема шанса за невработените, колку повеќе се намалува бројот на невработени толку повеќе се зголемува платата . Конкуренцијата ќе расте и ќе има се помалку невработени . Платите на вработените растат во економии во кои се намалува невработеноста, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека ќе се реализира и проект за рестартирање на стопанските капацитети – Жртви на транзицијата.

-Со цел рестартирање на стопанските капацитети кои беа опустошени во транзицијата во 90-тите, инвеститорите кои ќе стекнат сопственост на имотот на овие друштва кои некогаш работеа а подоцна отидоа во стечај, посебно во 90-те. Оние компании оној што ќе ги купи  ќе добијат финсниска подршка ос трана на др/авата за нивно ретартирање , за вработување луѓе во нив и нивно повторно ставање во погон како некогаш кога работеле. Секој оној кој ќе ги добие за секој вработен ќе добие по 2000 евра помош од државата, , а ако вработи  стечаец по 4.000 евра. Ќе добие финасиска помош, за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема, во износ од 10% од инвестираната вредност, максимум  500.000 евра директна помош од државата. Ќе има и ослободувања од плаќање на данок на добивка 2 години, и од персонален данок и социјални придонеси 3 години, доколку вработените ги задржи на работа најмалку уште 3 години, како и други поволности, рече Груевски.

Тој потенцираше дека со новата програма е предвидено и доизградба на започнатите три автопати, а ќе отпочне и изградба на три нови автопати и тоа од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требеништа до Струга.

-Во новата програма РЕАЛНО, планираме изградба на 6 нови експресни патишта со 4 ленти. Предвидуваме изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта во вкупна вредност од над 140 милиони евра. Дополнително за изградба и реконструкција на локална патна мрежа предвидуваме нови 30 милиони евра. Во делот на модернизација на здравството, во следните четири години ќе набавиме над 3.700 најсовремени медицински апарати и опрема за јавните здравствени установи низ државата, во вредност од 33 милиони евра, рече Груевски.

Најви дека во новата преограма е предвидено и изградба на седумдесет канализациски и водоводни системи, сѐ со цел да се подобри квалитетот на живеење.

– Ќе отвориме на 140 детски градинки, од кои изградба на 100 нови детски градинки, Ќе обезбедиме 600 милиони евра за поддршка на македонските земјоделци преку субвенции и други проекти. Во делот на гасификацијата, предвидуваме изградба на најголемиот дел од националниот гасоводен прстен, на голем дел од дистрибутивната мрежа, како и поврзување со соседите со нови водови. Во следните 4 години предвидуваме изградба, доградба и надградба на повеќе од 18 нови и постоечки училишта во поголеми Општини со постојан раст на деца, а во руралните средини изградба на модуларни објекти. Ова се само мал дел, мал дел од проектите кои ќе ги реализираме, рече Груевски.