Средба Груевски – Ли: Економските односи меѓу Македонија и Кина бележат нагорен тренд

Соговорниците ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји за што сведочат и интензивираните средби на највисоко ниво од македонска и кинеска страна, и изразија задоволство од нагорниот тренд на развој на меѓусебните односи кои ги следи и зголемена економска активност.

gruevski-keciang-8888

Премиерот Груевски посочи дека НР Кина е значаен пријател и подржувач на Република Македонија и се заблагодари за досегашната поддршка во рамките на глобалните иницијативи и организации.

Претседателот Џипинг Си истакна дека НР Кина во регионот на Централна и Источна Европа во кој припаѓа и Република Македонија гледа огромен потенцијал за зголемена соработка и за економски развој.