Груевски: Лоцирани сторителите за случајот „Пуч“

Слични ситуации на нелегално снимање и креирање потоа на телефонски разговори, упад во безбедносните системи се случуваат во многу држави во светот и во Европа. Тоа не е нешто ново и прв пат кај нас. Ниедна држава не е целосно имуна на напади врз нивните безбедносни служби, но она што е важно за Македонија е дека нашите безбедносни служби ги разоткрија сторителите. Ова го потенцира претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Роза Топузова Каровска.

– Дел од нив веќе го признаа делото на суд. Го признаа делото пред обвинителот, признаа дека биле врбувани од лице кое исто така во моментов е во притвор, лице кое што им кажало дека потребна му е нивна соработка за добивање на нелегални снимени телефонски разговори . Дека тие разговори ќе ги употреби за целите на странска разузнавачка служпба, која сакала да има увид за политичките и општите состојби во Македонија. Тие лица, од кои што едното веќе има судска пресуда, бидејќи се призна и се согласи на судска пресуда, согласно законите на Македонија. Тие лица изјавија дека нарачките ги добивале директно од еден од осомничените, дека нелегално ја слоупотребиле својата положба за нелегално да вршат прислужување,  дека потоа материјалите ги предавале кон лицето чиишто агенти прифатиле да бидат, дека за тоа земале паричен надомест, кажале и други детали кои што веќе беа објавени во медиумите, од типот кој бил таргетот на тие странски разузнавачки служби, односно чии телефони биле нарачани да бидат ставани за снимање, потсетувајќи дека практично тоа биле телефоните на највисоките државни функционери во Република Македонија и политичари, рече Груевски.

Премиерот уште еднаш потенцира дека не постои ниту една држава во светот која имуна на напади врз нејзините безбедносни служби, но дека нашите безбедносни сили за разлика од некои други успејаа да ги лоцираат, да ги пронајдат, да ги фатат сторителите, да ги изнесат пред институциите на системот.