Периодот зад нас е период кога преку голем број на мерки и проекти покажавме што значи искрена грижа и поддршка за пензионерите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски презентирајќи го отчетот.
Мерки и проекти кои значеа изградба на сеопфатен систем кој овозможува достоинствен, посигурен и посреќен живот на нашите сограѓани – пензионерите, и со кои јасно се покажува нашата определба да им се помогне на овие граѓани, рече Груевски.
Тој потенцира дека пензионерите сега точно знаат кога ќе ги земат пензиите, а постојано добиваат и зголемување на пензиите. Груевски истакна дека со континуираното зголемување на пензиите, македонските пензионери имаат највисока просечна пензија во регионот.
Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека пензионерите имаат доверба во оваа Влада бидејќи пензиите редовно се исплаќаат, во првата недела од месецот и постојано се покачуваат.
Она што пензионерите најмногу ги радува е што со нас знаат на што се. Тие тешко и чесно си ги заработиле своите пензии, работеле цел живот и затоа е значајно да ги добијат навреме и да ги добијат зголемени. Изминатиов период просечната пензија во Македонија е зголемена за цели 70 проценти, а најниската пензија е зголемена за 84 проценти. Тоа покажува дека пензионерите можат да сметаат на нас, рече Ставрески.
Преку 300.000 пензионери ќе добијат ново покачување на пензиите од септемвриската пензија.
Груевски порача дека во време на СДСМ постојано имало само намалување на пензиите.
Сега никогаш нема намалување, само зголемување на пензиите, рече Груевски.