Груевски на бизнис форум во Париз

74

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Горан Мицковски,  министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски, ќе престојува во Париз, Република Франција, на бизнис форум организиран од групацијата „Македонија 2025“.

Целта е презентација на можностите за инвестирање и поволностите кои се нудат во Македонија како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и претприемачи низ Европа и светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија.

На форумот предвидени се три одворни панели при што воведно обраќање ќе има премиерот Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.