Груевски на ФБ: Остварено уште едно ветување, Дојран доби нова пешачка патека

Остварено уште едно ветување за граѓаните. Дојран доби нова пешачка патека, уредена и осветлена, достапна за жителите на општината и туристите кои го посетуваат Дојран, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-dojran

Како и што претходно ветивме изградена е во должина од 2864 метри, со широчина од 4 метри, од кој освен пешачка зона има простор за велосипедисти. Истата преставува продолжение на претходно изградената прва фаза која пак беше во должина од 2650 метри. Новата патека ги поврзува Нов и Стар Дојран, за што се инвестираа над половина милион евра. Оваа најнова содржина претставува еден од многуте чекори од планот за претворање на Дојран за атрактивна и посакувана дестинација на туристичката мапа на државата, напиша Груевски.

dojan-3dojran-4dojran-5dojran-2