Груевски на Фејсбук: Судот го отфрли барањето на криминалната и рекетарска власт во Македонија

Поранешниот премиер Никола Груевски утринава беше приведен и однесен со лисици на рацете во унгарскиот суд, кој го одби барањето за негова екстрадиција поднесено од македонските власти.

Тој се огласи на својот фејсбук профил: „Денеска е спроведена стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, напиша Груевски.