Груевски: На ова беснеење, колку и да трае долго, ќе му дојде крајот

Очекувано уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба на криминалецот Заев минатата година, наредба која уште во септември минатата година Заев ја сподели со повеќе негови соработници. По наредба на контролорите од власта на судот и обвинителството за објавата се чекаше кога да се објави, за што одлучуваат одговорните за односи за јавноста во СДСМ/Владата – пишува на својот профил премиерот Никола Груевски.

Тој додава:

-Без ниту еден матерјален доказ, кој и не може да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот “рекла-казала” на неколку најблаго кажано уценети лица од власта со најбрутални методи.
Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот итн, па удираш по тој кој го направил тоа што не можеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работње и рекетот од позиција на власт.

Понатаму Груевски пишува дека на ова беснеење, колку и да трае долго, ќе му дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда, предводена од човек кој функционира по мафијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихварство во струмичкиот регион за чии само параван била регистрирана штедилница, и како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.