Груевски: Не ме изненади одлуката на Врховниот суд

513

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата за „Тенк”, кој е само дел од поширокиот и интензивен политички прогон на власта, напиша на Фејсбук Никола Груевски, експремиер и обвинет за истиот случај, но кој не ја одлежа казната туку избега за Будимпешта.

– Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз Врховниот суд а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија.

Пораките секогаш се од една личност, само „поштарите” некогаш се менуваат, а неретко „доставата” е и лична, понекогаш и јавна.

Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици. Таков е на пример случајот во предметот за протестите во Центар, каде сите сведоци на обвинителство се прифатени и сослушани а ниту еден од оние кои јас ги предложив или пак подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот – пишува меѓудругото Груевски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.