Груевски: Новата ера во Скопје ќе донесе нови булевари, автобуси, зеленила, Луна парк

На 15-ти октомври ќе ги одбереме оние кои се комплетно способни и мотивирани, со жар, за да ја креираме иднината на Скопје. Ги знаете многу добро, го знаете добро Коце Трајановски. Тој напиша историја во Скопје. Создаде толку многу нови и големи работи и тој знае најдобро што значи локалната самоуправа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на масовниот митинг во главниот град.

Новата ера за Скопје ќе донесе бројни проекти од кои добробит ќе имаат сите граѓани од сите скопски општини.

-Новата ера за Скопје ќе донесе нови булевари. Почеток на изградба на Јужен булевар, продолжение на булеварот АСНОМ, комплетно ново сообраќајно решение  и турбо кружен тек кај Хубо Маркет, проширување на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија до пред влезот на Драчево, нова траса на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Изградба на нови водоводи во Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Хиподром и на други места. Ќе изградиме и реконструираме зелени површини на површина од 500.000 метри квадратни. Парк во општина Аеродром со површина од над 100.000 метри квадратни, парк во општина Карпош по должината на реката Вардар, зеленило покрај новите булевари и на многу други места. Градба на нова велосипедска инфраструктура, каде предвидуваме изградба на 20 километри вел

Тој објави дека ќе биде модернизиран јавниот градски превоз преку набавка на најмалку 20 електрични двојни автобуси.

-Модернизацијата на приватните превозници на автобуси во јавниот превоз, преку субвенции од 10.000 евра од автобус од ЕУРО 5 или ЕУРО 6 стандард или поставување на уреди на гас. Субвенции за такси превозниците во Скопје за набавка на електрични возила, каде би се субвенционирале до 3000 евра од набавено возило. И многу други нови капитални проекти и инвестиции. Верувам дека кога сите наши планови за овој град ќе станат реалност, луѓето од другите земји ќе започнуваат да прашуваат „Како го направивте ова, како успеавте во сето ова?“. Тогаш ќе им го кажеме следното: Ова го постигнавме со нашата љубов за Скопје, со нашата љубов за Македонија. Ова го постигнавме заедно, порача Груевски.

 

осипедски патеки. Нов забавен парк на местото на постојниот Луна-парк, истакна Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.