Груевски: Нудиме ист третман за сите инвеститори

Премиерот Никола Груевски вели дека секој компанија која сака да инвестира и отвора нови работни места добива ист третман од Владата

Владата нуди еднакви можности и услуги за секоја компанија која сака да инвестира во Македонија и да отвори нови работни места, без разлика од која држава е, вели премеирот Никола Груевски одговарајќи на прашање од пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашањ

Премиерот Груевски во својот одговор до Спасовски, кој тврдеше дека земјиштето на Сахара Груп и е дадено без пари, потенцираше дека Сахара Груп е една од компаниите кои покажале интерес за инвестирање во Македонија и добила ист третман како и сите останати компании.

„Правиме се што е во наша можност да привлечеме инвеститори, како од Македонија така и од странство, се со цел отварање на нови работни места,  се однесуваме соодветно и коректно кон секој инвеститор и правиме се што е во наша моќ да ги задржиме истите“, истакна Груевски.

Груевски вели дека поради тоа што компаниите се задоволни од тоа како се работи во Македонија отвораат и втори фабрики во земјава посочувајќи го Џонсон Мети како еден таков пример.

Тој истакна дека и рускиот фармацевски гигант Продис, за неполни три години откако ја отвори правата фабрика во Македонија, објави дека во април ќе отвори и втора фабрика. Тоа, како што рече Груевски е доказ дека овие фирми имаат одличен третман во Македонија. Македонија, потсети Груевски, е прогласена за 25-та земја со најдобра бизнис клима.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.